КФСМ: ТФТ, Маџари и Чаир нема да добијат лиценца за настап во новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) нема да им издаде лиценца за настап на КК ТФТ – Скопје, КК Маџари – Скопје и КК Чаир – Скопје во натпреварувачката сезона 2026/2027

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) нема да им издаде лиценца за настап на КК ТФТ – Скопје, КК Маџари – Скопје и КК Чаир – Скопје во натпреварувачката сезона 2026/2027.

Оваа одлука, според КФСМ, не е насочена против ниту еден клуб, туку претставува доследна примена на Правилникот за лиценцирање и принципите на финансиска одговорност и еднаков третман на сите клубови.

„Само со почитување на правилата, финансиска дисциплина и еднаков однос кон сите можеме да создадеме стабилен, одржлив и кредибилен систем кој ќе придонесе за понатамошен развој на македонската кошарка“, стои во соопштението.

Ова се однесува исклучиво на процесот на лиценцирање на клубовите кои ќе се натпреваруваат во највисокиот ранг на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во однос на останатите натпреварувачки категории, Комисијата за лиценцирање во моментов ги прибира и обработува потребните информации и документација.

По завршувањето на постапката, кошаркарската федерација на Македонија ќе ја информира јавноста и клубовите за состојбите и донесените одлуки и за тие натпреварувања.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...