🎥Барселона на +7 од Реал по победата во дербито со Атлетико

Големото дерби помеѓу Атлетико и Барселона заврши со голема победа на гостите од Каталонија. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид заврши со резултат 1:2 (1:1)

Прегледи:

Датум:

Големото дерби помеѓу Атлетико и Барселона заврши со голема победа на гостите од Каталонија. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид заврши со резултат 1:2 (1:1).

Атлетико прв поведе со голот на синот на тренерот, Џулијано Симеоне, во 39-тата минута.

Сепак, гостинскиот тим возврати преку Маркус Рашфорд и израмни само три минути подоцна.

Домашниот тим остана со играч помалку во судиското продолжение на првото полувреме, откако трагичната фигура на овој натпревар, Аргентинецот Николас Нико Гоинзалес, доби втор жолт картон, а потоа и директен црвен картон.

Првиот жолт картон го доби за намерно играње со рака, вториот за груб фаул како последен играч. Во обете ситуации, сакаше да го запре брзоногиот Ламин Јамал.

На самиот почеток од второто полувреме, гостинскиот играч, Жерар Мартин, исто така доби директен црвен картон, но повторно дојде ВАР повикот и одлуката беше променета во – жолт картон.

Барса напаѓаше во текот на целото второ полувреме и го бркаше вториот гол, кој конечно го постигна Роберт Левандовски во 87-мата минута со – многу среќа.

Овој триумф значи дека Каталонците, кои се на врвот на табелата, се искачија на 7 бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид, кој доживеа шокантен пораз од 1-2 на Балеарските Острови против Мајорка порано денес.

Претходно, Реал Сосиедад го победи Леванте со 2-0 на домашен терен во Сан Себастијан, додека дуелот помеѓу Бетис и Еспањол заврши без голови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...