📽️ Ираола пристигна во Ливерпул

Идниот менаџер на Ливерпул, Андони Ираола, денес пристигна во градот на Битлси за да го потпише својот двегодишен договор со клубот и да го замени Арне Слот, кој беше отпуштен во саботата

Прегледи:

Датум:

Идниот менаџер на Ливерпул, Андони Ираола, денес пристигна во градот на Битлси за да го потпише својот двегодишен договор со клубот и да го замени Арне Слот, кој беше отпуштен во саботата.

Баскиецот долета со приватен авион од Сан Себастијан и слета на аеродромот „Џон Ленон“, по што веднаш беше однесен со комби до базата на клубот од Мерсисајд.

Ираола веќе има усмен договор со Ливерпул за времетраењето на договорот, за кој самиот инсистираше дека ќе биде две години, како и да го донесе со себе на „Енфилд“ својот персонал, со кој работеше и во Борнмут – Пабло де ла Торе, Томи Елфик, Шон Купер и Том Вебер.

Се очекува 43-годишниот стручњак да го потпише договорот денес попладне, по што Ливерпул официјално ќе го претстави како нов менаџер на тимот.

Тој веќе активно работи со спортскиот директор Ричард Хјуз, кого го познава уште од Борнмут, на летниот избор на 20-кратниот англиски шампион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...