📸 Ред Бул и Мерцедес со интересни „израстоци“ на задните крила за Монако

Тимовите на Ред Бул и Мерцедес се појавија со интересни „израстоци“ на задните крила во потрага по максимални нивоа на притисок за Големата награда на Монако овој викенд

Прегледи:

Датум:

Тимовите на Ред Бул и Мерцедес се појавија со интересни „израстоци“ на задните крила во потрага по максимални нивоа на притисок за Големата награда на Монако овој викенд.

Патеката во Кнежевството е најбавната во целиот календар на Формула 1, и затоа доброто „прилепување“ во кривините е исклучително важно за постигнување добар резултат. Поради оваа причина, тимовите често создаваат специјални крила за Големата награда на Монако, што се случува и со новите автомобили за 2026 година.

Тие имаат помал притисок во споредба со претходната генерација, а механичкото „прилепување“ од гумите е исто така помало, бидејќи самите гуми се помали по големина. Ова ја прави секоја точка на дополнителен притисок што тимовите можат да го најдат исклучително корисна, а Ред Бул и Мерцедес имаат преземено прилично неконвенционален пристап во оваа насока.

Фотографиите од гаражите на тимовите покажуваат дека нивните задни крила буквално се опремени со аеродинамични елементи што изгледаат како израстоци.

Нивното спроведување овој викенд е потпомогнато и од фактот дека во Монако нема да се користи активна аеродинамика, па крилата ќе бидат статични во секое време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...