Аларм во Јувентус: Спалети пред отказ, навивачите го сакаат Конте

Лучано Спалети е под голем притисок во Јувентус, а по последниот тежок пораз во првенството против Лацио, навивачите на Јувентус се се погласни за враќањето на Антонио Конте

Прегледи:

Датум:

Лучано Спалети е под голем притисок во Јувентус, а по последниот тежок пораз во првенството против Лацио, навивачите на Јувентус се се погласни за враќањето на Антонио Конте.

Многу навивачи на социјалните мрежи бараат Спалети да си замине и бараат поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте, да го замени, а ова го објавија бројни дневни весници и онлајн медиуми, вклучувајќи ги „Ла Република“ и „Калчомеркато“.

Конте е сè уште без работа откако ја напушти клупата на Наполи на крајот од сезоната 2025/26, и се поврзува со можен трансфер на „Олд Трафорд“ и преземање на Манчестер Јунајтед.

„Калчомеркато“ наведува дека, доколку Јувентус одлучи да го отпушти Спалети во наредните недели, Конте ќе биде на врвот на листата на желби на клубот од Торино.

Се споменува и дека Дидие Дешан, Стефано Пиоли и Винченцо Монтела се меѓу алтернативните опции.

За потсетување, Јувентус освои само 11 бода од првите седум натпревари од оваа сезона и е на осмото место.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Како парижанец, се надевам дека ќе победиме утре“, изјави Енрике пред дуелот со Барселона во ЛШ

Судирите во Лигата на шампионите продолжуваат со дуел помеѓу...

Нан очекува многу од работата со Обрадовиќ: Тоа е стилот што го сакам!

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, се врати на теренот...

Нов пех за Ефес: Даузер ќе отсуствува неколку недели

Анадолу Ефес успешно ја заврши неделата во Евролигата со...

Кејн со договор од соништата: Ќе зема речиси половина милион евра неделно

Британски „Тајмс“ објави детали за новиот договор на напаѓачот...