Јувентус поминува низ тежок период на почетокот на сезоната, а убедливиот пораз од Лацио во Торино дополнително ја продлабочи кризата на „старата дама“.
Бразилскиот дефанзивец Глејсон Бремер не го криеше своето разочарување, но отворено ги критикуваше своите соиграчи, велејќи дека не може сам да го носи товарот на тимот и дека на некои им недостасува карактер.
„Игравме лошо и природно не сме задоволни од тоа како го носевме дресот на Јувентус. Мораме да ги анализираме нашите грешки и веднаш да се вратиме на вистинскиот пат. Бидејќи нема време за ништо друго“, рече Бремер.
А потоа сериозно ги „прозва“ своите соиграчи.
„На теренот има 11 играчи, плус петмина кои доаѓаат од клупата. И не можам да ги носам сите на свој грб. Се обидувам да им подадам рака, да разговарам со нив, но сите имаат свој карактер. Можеме да ги турнеме до одредена точка, но некои имаат повеќе карактер од другите.“


