Арбелоа: „Претседателот е во право, ни украдоа најмалку седум титули“

Флорентино Перез вчера рече, денес Алваро Арбелоа повтори - судиите му украдоа најмалку седум титули во Ла Лига на Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Флорентино Перез вчера рече, денес Алваро Арбелоа повтори – судиите му украдоа најмалку седум титули во Ла Лига на Реал Мадрид.

Тој ја оправда и тепачката меѓу Феде Валверде и Аурелијан Чуамени, но очигледно е дека и Арбелоа имаше потреба да му се „умилкува“ на својот претседател, бидејќи ги потврди и бранеше неговите ставови на денешната прес-конференција.

„Како што рече синоќа нашиот претседател Флорентино Перез, во последните 20 години судиите на Негреира ни украдоа најмалку седум титули во Ла Лига. Сите знаеме што се случи во тој период и знаеме за кого работеше Негреира. За мене е шокантно што само Реал Мадрид се бори толку жестоко за правда во шпанскиот фудбал, се чини дека ние сме единствениот клуб на кој му е грижа за тоа. За останатите, се чини нормално што Барселона ги поткупуваше судиите и влијаеше на натпреварувањето“, рече Арбелоа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...