Манчестер Јунајтед подготвен да започне преговори со Карик

Манчестер Јунајтед е подготвен да започне преговори со Мајкл Карик и евентуално да му понуди перманентен договор, тврди „Скај Спортс“

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед е подготвен да започне преговори со Мајкл Карик и евентуално да му понуди перманентен договор, тврди „Скај Спортс“.

„Црвените ѓаволи“ не ја исклучиле целосно можноста за назначување на друг менаџер во текот на летото и контактирале со некои стручњаци, но одлучиле дека Карик ќе биде првата личност со која ќе разговараат.

Поранешниот играч е фаворит да го води тимот на долг рок веќе некое време. Тој импресионира откако забележа 10 победи во своите први 15 натпревари и ги квалификуваше „црвените ѓаволи“ за Лигата на шампионите.

И покрај брилијантните перформанси на тимот во овој период, раководството на Манчестер Јунајтед ќе помине низ многу сериозен процес пред да одлучи кого да назначи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...