Арсенал едвај избегна пораз од Баер, одлуката за четвртфиналето паѓа во Лондон

Фудбалерите на Баер и Арсенал вечерва ремизираа 1:1 во Леверкузен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Баер и Арсенал вечерва ремизираа 1:1 во Леверкузен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Атмосферата беше пеколна на „Беј Арена“ во Леверкузен, а домашните играчи тргнаа поофанзивно и без никаков респект против актуелниот лидер во Англија, но и тим кој нема ниту еден пораз во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Сепак немаше голови по првите 45 минути.

Штом започна второто полувреме, „фармацевтите“ поведоа. Прво, во 46-тата минута, Териер со глава одлично шутираше, но Раја одбрани брилијантно. По тој корнер, Андрих погоди со глава за голема прослава од домашните играчи.

Избраниците на Микел Арета имаа поголем посед на топката, но тешко создаваа конкретни можности, што е невообичаено за тим кој оваа сезона постигна 23 гола и прими само четири во Лигата на шампионите.

Беше 88-мата минута кога Арсенал израмни. Тилман беше невнимателен, соборувајќи го Мадуеке, а судијата Мелер покажа на пенал. Герман Хаверц беше сигурен за конечни 1:1.

Сепак имаше голема дебата дали воопшто стартот беше за досуда на пенал.

Кој ќе оди во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе дознаеме по реваншот, кој е закажан за 17 март во Лондон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...