Артета е менаџер на сезоната во Премиер лигата

Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ги победи Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Реџис Ле Бри и Мајкл Карик во трката за наградата

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ги победи Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Реџис Ле Бри и Мајкл Карик во трката за наградата.

Под водство на Артета, „топџиите“ ја освоија англиската титула. Тие собраа 85 бода од 38 кола од првенството, 7 бода пред нивниот најблизок конкурент Манчестер Сити. Ова е прва титула за Арсенал по 22 години.

Артета го презеде лондонскиот тим во декември 2019 година. Оттогаш, покрај шампионската титула, тој го предводеше Арсенал до освојување на ФА Купот и двапати на Карабао Купот.

Во сабота, тимот на Артета ќе се соочи со Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одржи на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...