Барселона ги „помати“ плановите на Баерн и Ливерпул: Ѕвездата на Њукасл најблиску до Камп Ноу!

Напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон е мета на бројни европски гиганти, а сега и Барселона се придружи на редот за негов трансфер

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон е мета на бројни европски гиганти, а сега и Барселона се придружи на редот за негов трансфер.

Гордон сигурно ќе бара нов предизвик ова лето, по две и пол години во Њукасл. Во претходниот период, Баерн Минхен и Ливерпул се сметаа за главни кандидати за членот на англиската репрезентација, а сега Барселона дополнително ја засили конкуренцијата.

Според „Мундо Депортиво“, спортскиот директор на каталонскиот тим, Деко, неодамна бил во Лондон не само поради напаѓачот на Челси, Жоао Педро, туку и поради преговорите со претставниците на „страчките“ во врска со потенцијалниот трансфер на Ентони Гордон.

Како што е наведено, самиот играч високо ја цени иницијативата на Барселона и во моментов го претпочита шпанскиот клуб пред другите кандидати за неговиот трансфер. На Каталонците им се допаѓа фактот што англискиот репрезентативец може да игра на повеќе позиции во нападот, што значи дека може да дејствува подеднакво ефикасно на крило, но и како централен напаѓач.

Њукасл бара помеѓу 85.000.000 и 90.000.000 евра за Гордон, кој пристигна на „Сент Џејмс Парк“ во зимата 2023 година за 45.000.000 од Евертон.

Исто така, се наведува дека „блауграна“ планирала договор до летото 2031 година за Гордон, кој постигна 17 гола и имаше 5 асистенции во вкупно 46 натпревари минатата сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...