Барселона тргна по Алварез – трансферот може да надмине 100 милиони евра

Барселона ги засили преговорите за потпишување на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Каталонците сакаат да го завршат договорот пред почетокот на Светското првенство, а трансферот може да чини повеќе од 100 милиони евра.

Прегледи:

Датум:

Барселона ги засили преговорите за потпишување на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Каталонците сакаат да го завршат договорот пред почетокот на Светското првенство, а трансферот може да чини повеќе од 100 милиони евра.

Спортскиот директор на Барселона, Деко, се сретнал со агентите на Алварез, Хуанма Лопез и Енди Бара, познат хрватски фудбалски менаџер, а разговорот траел неколку часа.

Хулијан Алварез е главна цел на Барселона во овој преоден рок и тие сакаат да го завршат трансферот во наредните денови. Клубот проценува дека надоместокот може да надмине 100 милиони евра, со дополнителни бонуси.

Намерата на Деко е да обезбеди две големи засилувања за следната сезона пред почетокот на Светското првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...