Бенитез кандидат за селектор на Шкотска

Шкотска се раздели со Стив Кларк по Светското првенство и сега бара нов селектор. И се чини дека првиот кандидат да го наследи е Рафа Бенитез

Прегледи:

Датум:

Шкотска се раздели со Стив Кларк по Светското првенство и сега бара нов селектор. И се чини дека првиот кандидат да го наследи е Рафа Бенитез.

Доколку се договори со федерацијата на Шкотска, тоа би бил негов прв ангажман во националниот фудбал.

Бенитез беше гостин на радиото „Талкспорт“ каде што зборуваше за оваа тема.

„Тие го достигнаа својот максимум. Не мислам дека можеа да направат повеќе од тоа“, рече Бенитез и додаде дека би бил отворен за предизвикот доколку му се дадат соодветни средства за работа:

„Би било интересно за мене да бидам селектор. Мислам дека тоа е сосема поинаква работа од онаа во клупскиот фудбал.“

Најголемата пречка за овој ангажман би можеле да бидат парите. Според извештаите, тој имал плата од 3.000.000 евра годишно во Грција, додека Стив Кларк работел за шест пати помалку во Шкотска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...