Чеферин: Местењето на натпревари е дефинитивно ракот на фудбалот

Некаде соработката е подобра, некаде полоша. Ние немаме затвори, не можеме да прислушуваме телефони, ниту да добиваме доверливи податоци, вели во интервју за сајтот на ФФМ Александар Чеферин, претседател на УЕФА.

Прегледи:

Датум:

Местењето на натпревари е дефинитивно ракот на фудбалот и тоа е катастрофа. Голем проблем гледам во тоа што локалните полиции во некои земји не го сметаат ова за приоритет. Некаде соработката е подобра, некаде полоша. Ние немаме затвори, не можеме да прислушуваме телефони, ниту да добиваме доверливи податоци, вели во интервју за сајтот на ФФМ Александар Чеферин, претседател на УЕФА.

Од друга страна, вели тој, на теренот е исклучително тешко да се докаже дека некој намерно наместил натпревар.

„Ако голман направи грешка, дали е тоа местење? Тешко е да се каже. Сепак, тоа ни е приоритет. Имаме договор со Интерпол и се трудиме да работиме на тоа, но тешко се откриваат тие работи. Сепак, откривме многу големи случаи и санкциониравме многу клубови“, истакна Словенецот.

Истакна дека преку системот „Sportradar“ ги следат сите сомнежи – ако има облози од сто илјади евра на трета македонска лига, тоа веднаш е сомнително и сè се запира.

„Но, повторно, на некого треба конкретно да му се докаже зошто и како го направил тоа за да биде санкциониран. Имаме сериозен тим за ова, но таа мафија е многу силна и постојано работи. Денес можете да се обложите на сè – на жолт картон, на изглед на играч, на сè живо. Тоа е комплексен проблем со кој сериозно се занимаваме“, истакна Чеферин во интервјуто.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...