Дали Милевски требаше да добие уште една шанса од ФФМ и дали е „неправда“ непродолжувањето на неговиот договор?

Прегледи:

Датум:

Благоја Милевски е поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Милевски ја презеде националната селекција во август 2021 година, веднаш по Европското првенство, и ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, тимот забележа 18 победи, 14 нерешени резултати и 16 порази.

Репрезентацијата успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.

Милевски ја водеше Македонија до бараж за СП 2022 година во Катар, каде загуби во финалето од Португалија, откако претходно селекцијата ја елиминираше Италија во мечот во Палермо.

Управниот одбор на ФФМ во декември 2025 година донесе одлука да не му го продолжи договорот на Милевски, чиј мандат истече. Во тој период оценија дека репрезентацијата има потреба од свежа енергија и мотив за претстојните предизвици. Го наследи Гоце Седлоски, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на Вардар.

Дали Милевски го покажа целиот потенцијал како селектор и дали требаше да му се даде уште една шанса да го предводи „црвено-жолтиот“ тим? Колку Седлоски е вистинска замена за популарниот Боби?

Фото: Контра

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...