„Дејли меил“: Гвардиола го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната

Пеп Гвардиола донел одлука да го заврши својот успешен престој во Манчестер Сити на крајот од сезоната

Прегледи:

Датум:

Пеп Гвардиола донел одлука да го заврши својот успешен престој во Манчестер Сити на крајот од сезоната. Според „Дејли меил“, шпанскиот стручњак планира официјално да ја извести јавноста по натпреварот против Астон Вила дека го напушта „Етихад“, и покрај фактот дека неговиот договор со клубот трае до следната сезона.

Гвардиола е на чело на Сити од 2016 година и во тој период освои сè што може да се освои, вклучувајќи повеќе титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите.

Истиот извор тврди дека раководството на клубот веќе почнало да ги информира најважните спонзори за евентуалното заминување, додека во понеделник во Манчестер би можело да се организира свечена парада за да се збогува тренерот со навивачите.

Пред дуелот со Астон Вила, Сити го очекува важен натпревар против Борнмут, кој би можел да има големо влијание врз исходот од трката за шампионската титула.

Кога станува збор за наследник, се шпекулира со две имиња – Енцо Мареска, кој долго време се поврзуваше со враќање во клубот, и Винсент Компани, поранешен капитен на Сити и сегашен тренер на Баерн Минхен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...