„Дерби дела Мадонина“ му припадна на Милан

„Дерби дела Мадонина“ му припадна на условниот домаќин, откако вечерва Милан беше подобар од Интер - 1:0. Денешниот исход ја продолжи шампионската трка во Италија

Прегледи:

Датум:

„Дерби дела Мадонина“ му припадна на условниот домаќин, откако вечерва Милан беше подобар од Интер – 1:0. Денешниот исход ја продолжи шампионската трка во Италија.

Пред големото дерби на италијанскиот фудбал, Интер имаше десет бода предност пред градскиот ривал Милан. И на сите им беше јасно дека Росонерите имаат шанса да го фатат последниот воз во борбата за титулата со евентуална победа.

Многу работи беа решени во две минути од првото полувреме. Прво, во 34-тата минута, Интер имаше колосална шанса, Мхитарјан долго го влечеше нападот, ја контролираше топката брилијантно, потоа шутираше од 14 метри, Мањан одбрани во стилот на ракометен голман, а потоа го направи тоа повторно кога Ерменецот шутираше дијагонално од лево во продолжението на акцијата.

Следеше контранапад на Милан, кој заврши со гол, Фофана ја испрати топката кон Еступин, а Еквадорецот го совлада Сомер со моќен и прецизен удар на задоволство на мнозинството домашни навивачи на „Сан Сиро“.

Интер, како што се очекуваше, ја презеде иницијативата откако Милан поведе, а Димарко ја имаше најдобрата шанса за израмнување во 54-тата минута, но топката отиде покрај голот по неговиот удар од 16 метри.

И потоа Милан го направи она што италијанските тимови го прават најдобро, го одржа резултатот, ја искористија секоја можност да ја попречат играта, и иако топката беше претежно во посед на играчите на Интер, немаше повеќе ветувачки шанси пред голот на Мањан…

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...