Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и физички и ментално, изјави тренерот на актуелниот светски вицешампион Франција, Дидие Дешан

Прегледи:

Датум:

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и физички и ментално, изјави тренерот на актуелниот светски вицешампион Франција, Дидие Дешан.

„Килијан е во врвна форма, и физички и ментално. Разговаравме, тој е капитен. Она што се случи на клупско ниво е зад него, но сега е тука и националниот тим“, рече Дешан.

„Тој работеше напорно со групата и со оние кои беа на првите тренинзи“, додаде францускиот тренер.

Мбапе има 96 настапи за „триколорите“ и постигна 56 гола, освојувајќи ја светската титула во Русија во 2018 година и сребро четири години подоцна во Катар.

„Мбапе има искуство што другите го немаат. Ова е негово трето Светско првенство. Тој знае дека Светското првенство е тешко, дека противникот е тежок, дека не се добива без страдање, со квалитети што одат подалеку од само фудбалските способности. Тој се снаоѓа многу добро“, рече Дешан.

Мбапе се приклучи на националниот тим во петокот по втората сезона со Реал Мадрид која заврши без трофеј.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...