Фабијани пред дуелот со КуПС: Ќе се обидеме да ги притиснеме и да одиграме најдобро што можеме

ФК Вардар утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против фински КуПС.

Прегледи:

Датум:

ФК Вардар утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против фински КуПС.

Новиот тренер на црвено-црните, Кристијан Фабијани на прес-конференцијата пред мечот изјави дека задоволен од подготовките во Италија, иако е кратко во клубот и немал многу долго време да е запознае со сите аспекти.

За КуПС вели дека ќе се соочат со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка.

-Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен и тоа ќе биде познато утре. Веќе три месеци сум во Вардар, очекувањата се големи, но мислам дека сè уште не сме на 100 посто од нашите можности – изјави Фабијани.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Баркола: Премиер лигата е многу помалку тактичка од Лига 1

Напаѓачот на Ливерпул, Бредли Баркола, верува дека фудбалот во...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добиле забрана да зборуваат по натпреварот со Лидс

Манчестер Јунајтед им забранил на своите играчи да зборуваат...

„Како парижанец, се надевам дека ќе победиме утре“, изјави Енрике пред дуелот со Барселона во ЛШ

Судирите во Лигата на шампионите продолжуваат со дуел помеѓу...