Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе поведе дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот.
Со навредливи стихови фудбалерите на Вардар ја прославија титулата во домашното првенство. На чело со нивниот тренер и селектор на фудбалската репрезентација, Гоце Седлоски, како и дел од репрезентативците и членови на управата на ФК Вардар, предводена од Миленко Неделковски, се пееја навредливи стихови за Битола и Каролина Гочева.
„Дирлада јас одам Скопје – Битола, да ја е*ам Каролина Гочева“, беа дел од стиховите.
Реакцијата на ФФМ доаѓа откако јавноста и одредени функционери ги осудија потезите на фудбалерите и управата на Вардар.
Неделковски пак, за целата ситуација изјави: „Во Вардар работат мажи со префинет вкус, па нема вакви песни да и пееме на Весна Бендевска“?
Еве ги и другите одлуки на дисциплинска комисија при ФФМ:
– ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.
– ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.
– ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.
– ФК Вардар се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.
– Шкендија Арачиново се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.
– Осогово Кочани се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.
– ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.
– ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.
– Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.
– Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.
– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.
– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.
– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.


