ФФМ префрли 9.414.689 евра кон клубовите за сезоната 2025/26

Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига. Вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра.

Прегледи:

Датум:

Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига. Вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра.

Средствата се распределени согласно утврдените критериуми и механизми на УЕФА, водејќи сметка за правичноста, одржливоста и поттикнувањето на развојот на клубовите на сите нивоа на натпреварување.

Детален преглед на распределбата по клубови:

Женска МФЛ и футсал

ЖФК Љуботен – 227.000 евра

КМФ Форца 2015 – 60.000 евра

Клубови – Прва МФЛ

ФК АП Брера – 180.583 евра

ФК Аресими 1973 – 180.583 евра

ФК Башкими 1947 – 180.583 евра

ФК Вардар – 880.583 евра

ФК Македонија ЃП – 180.583 евра

ФК Пелистер – 180.583 евра

ФК Работнички – 541.583 евра

ФК Силекс – 505.583 евра

ФК Струга Трим Лум – 180.583 евра

ФК Тиквеш – 180.583 евра

ФК Шкендија – 5.771.699 евра

Клубови – Втора МФЛ

ФК Беласица – 10.944 евра

ФК Брегалница 2008 – 10.944 евра

ФК Вардар Неготино – 10.944 евра

ФК Големо Коњари – 10.944 евра

ФК Детонит Јуниор – 10.944 евра

ФК Каменица Саса – 10.944 евра

ФК Кожуф Гевгелија – 10.944 евра

ФК Новаци 2005 – 10.944 евра

ФК Осогово – 10.944 евра

ФК Охрид Лихнидос – 10.944 евра

ФК Преспа – 10.944 евра

ФК Скопје – 10.944 евра

ФК Слога 1934 – 10.944 евра

ФК Тетекс 1953 – 10.944 евра

ФК Шкендија Арачиново – 10.944 евра

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија била разгледана состојбата со финансиските обврски на клубовите од Втората македонска фудбалска лига кон ФФМ. Дел од клубовите и понатаму се соочуваат со значителни финансиски обврски.

Заклучно со 18 мај 2026 година, вкупниот долг на второлигашките клубови кон ФФМ изнесува 5.527.131 денари, односно нешто повеќе од 90.000 евра.

Финансиската дисциплина останува сериозен предизвик, поради што во следниот период ќе бидат разгледани дополнителни мерки за стабилизација на клубовите и подобрување на финансиската одговорност, велат од ФФМ.

ДОЛГОВИ КЛУБОВИ ВТОРА МФЛ 2025-26

ФК Беласица – 507,026 ден.

ФК Брегалница 2008 – 104,761 ден.

ФК Вардар Неготино – 23,676 ден.

ФК Големо Коњари – 18,755 ден.

ФК Детонит Јуниор – 924 ден.

ФК Каменица Саса – 922 ден.

ФК Кожуф Гевгелија – 183,761 ден.

ФК Новаци 2005 – 19,239 ден.

ФК Осогово – 11,069 ден.

ФК Охрид Лихнидос – 551,213 ден.

ФК Победа – 2,244,857 ден.

ФК Скопје – 964,972 ден.

ФК Слога 1934 – 44,893 ден.

ФК Тетекс 1953 – 712,588 ден.

ФК Шкендија Арачиново 77 – 148,360 ден.

ФК Преспа – 32,285 ден.

Управниот одбор на ФФМ го разгледал и извештајот од Ад хок комисијата за ревизија на едукативниот процес за стекнување и издавање на ПРО тренерски лиценци. По завршување на работата и целокупниот процес на Комисијата, на една од следните седници на Управниот одбор ќе биде доставен финален извештај.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...