Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалскиот клуб Силекс е освојувач на Купот на Македонија откако во финалето вечерва против Шкендија на арената „Тодор Проески“, тимот од Кратово славеше со 1:0 (0:0)

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Силекс е освојувач на Купот на Македонија откако во финалето вечерва против Шкендија на арената „Тодор Проески“, тимот од Кратово славеше со 1:0 (0:0).

Победничкиот гол на Алиќ во 71.минута им обезбеди на Кратовци настап во квалификациите за Конференциска лига.

Силекс по четврти пат во клупската историја го освоија трофејот во ова натпреварување. Тимот се израмни со Работнички по бројот на освоени трофеи и сега е на делба на третото место на вечната листа на најуспешни екипи во Купот.

Почетокот на финалето беше одбележан со непријатна атмосфера на трибините, откако за време на интонирањето на македонската химна дел од публиката реагираше со свирежи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...