Финале пред финалето во Лигата на шампионите: ПСЖ го пречекува Баерн во спектакуларен дуел

Вечерва во 21 часот ќе се игра првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн, а тоа ќе биде дуел што сите го нарекуваат финале пред финалето.

Прегледи:

Датум:

Вечерва во 21 часот ќе се игра првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн, а тоа ќе биде дуел што сите го нарекуваат финале пред финалето.

ПСЖ ќе биде домаќин на Баерн во Париз и никој не се сомнева дека можеме да очекуваме спектакуларен дуел со оглед на тоа што, според мислењето на многумина, се среќаваат двата најдобри тима во Европа во моментов.

Тие веќе се сретнаа еднаш оваа сезона, во лигашката фаза кога Баерн славеше во Париз со резултат од 2:1. Луис Дијаз постигна два гола за гостите, додека Жоао Невес беше стрелец за ПСЖ.

ПСЖ стигна до полуфиналето победувајќи го Монако во плејофот за осминафиналето со вкупен резултат 5:4, потоа во осминафиналето го победија Челси во два натпревари со вкупен резултат 8:2, а потоа и Ливерпул со вкупен резултат 4:0.

Баерн веднаш играше осминафинале, каде што ја победи Аталанта со вкупно 10:2, а потоа забележа две победи над Реал и помина со вкупно 6:4.

Сите овие резултати јасно покажуваат дека и ПСЖ и Баерн играат за гол повеќе, па затоа „голеада“ на Паркот на принцовите вечерва не треба да нè изненади.

Веројатни состави:

ПСЖ: Сафонов; Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш; Заир-Емери, Витиња, Жоао Невеш; Дуе, Дембеле, Кварацхелија.

Баерн: Нојер; Станишиќ, Упамекано, Та, Лајмер; Кимих, Павловиќ; Олисе, Мусијала, Луис Дијаз; Кејн.

Другиот полуфинален пар го сочинуваат Атлетико Мадрид и Арсенал, а нивниот прв натпревар во Мадрид ќе се игра утре.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...