Флик призна: Премиер лигата е најдобра во светот

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, верува дека англиската Премиер лига е најсилното клупско првенство во светот

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, верува дека англиската Премиер лига е најсилното клупско првенство во светот.

Стручњакот зборуваше за медиумите пред натпреварот помеѓу Каталонците и Њукасл во елиминациите од Лигата на шампионите.

„Премиер лигата е најдобра во светот. Има навистина силни тимови со многу пари. Има најмногу учесници во тековната фаза од Лигата на шампионите. Ја имаме потребната класа и мораме да продолжиме да играме онака како што знаеме и умееме“, порача Флик.

Утре вечер очекува фантастична атмосфера на стадионот.

„Противниците играат добро, играат човек на човек. Тие имаат многу брзи играчи. Треба да се браниме добро, бидејќи двата меча се важни. Мора да играме претпазливо, имајќи предвид што ни се случи против Атлетико Мадрид“, додаде Германецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...