Флик шокира пред Њукасл: „Барселона ќе ми биде последна работа“

„Се давам на фудбалот, па иако има време, не размислувам да одам некаде на друго место. Барселона ќе ми биде последна работа и тоа ме прави многу среќен“, рече Флик

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди утрово дека тренерот Ханси Флик ќе го продолжи договорот со Каталонците до 2028 година со опција да остане подолго, само за германскиот стручњак речиси да ги шокира новинарите на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Њукасл кога недвосмислено изјави дека ќе се пензионира кога ќе му заврши работата на „Камп Ноу“.

„Мислам дека е јасно дека сакам да работам во Барселона, но исто така многу ја ценам и мојата независност. Имам одлично семејство и голема поддршка. Се давам на фудбалот, па иако има време, не размислувам да одам некаде на друго место. Барселона ќе ми биде последна работа и тоа ме прави многу среќен“, рече Флик.

Флик додаде дека дури и не сакал да зборува за себе.

„Фокусот е на натпреварот против Њукасл во Лигата на шампионите. Ова е важен натпревар за нас и за иднината на клубот. Да повторам, среќен сум тука, но ќе донесам одлуки дури откако ќе разговарам со моето семејство. Има време“, рече Флик, оставајќи ги новинарите во дилема дали ќе остане до крајот на договорот во 2027 година или до истекот на новиот една година подоцна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...