Познат аргентински голман ја завршува кариерата

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Монако, Бока Јуниорс и репрезентацијата на Аргентина, Серхио Ромеро, објави дека ја завршува фудбалската кариера на 39-годишна возраст

Прегледи:

Датум:

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Аргентина, Серхио Ромеро, објави дека ја завршува фудбалската кариера на 39-годишна возраст.

Тој ја започна својата кариера во аргентински Расинг Клуб, од каде што пристигна во холандски Алкмар во 2007 година за милион и пол евра. Беше трансфериран во Сампдорија во 2011 година, а потоа беше позајмен во Монако во 2013 година.

Ромеро се пресели во Манчестер Јунајтед во 2015 година и остана таму шест сезони. Потоа следеше краток период во Венеција и враќање во родната Аргентина, поточно во Бока Јуниорс, каде што помина три сезони. Ромеро има 96 настапи за аргентинската репрезентација. Освоил бројни трофеи. Со Манчестер Јунајтед го има ФА Купот, Лига Купот, Лигата на Европа и англискиот Суперкуп.

Со Алкмар го има холандското првенство и Суперкупот. Тој исто така го освои Светското првенство до 20 години со Аргентина и златен медал на Олимписките игри во 2008 година.

„Ќе направам чекор во светот на тренерството без никакви проблеми. Многу го следам фудбалот, сакам да ги гледам сите лиги, дури и најниските. Ме тренираа Ван Гал, Тата Мартино, Мурињо и Алехандро Сабеља, па веќе имам некои почетни знаења“, рече Ромеро.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...