Фудбалерките поразени во Баку од Азербејџан

Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од 1. коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0.

Прегледи:

Датум:

Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од 1. коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2:0.

Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа изблокирани. Џафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан.

Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Селекцијата предводена од Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терен против Андора. Мечот се игра на 7. март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...