Гасперини кон Мурињо: Ги здробивме, им снема гориво, не требаше вака да заврши натпреварот

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, не се согласи со проценката на Жозе Мурињо дека неговиот тим физички се распаднал во последните минути од драматичниот дуел со Реал Мадрид (3:4).

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, не се согласи со проценката на Жозе Мурињо дека неговиот тим физички се распаднал во последните минути од драматичниот дуел со Реал Мадрид (3:4).

Италијанскиот стручњак тврди дека Рома го надиграла „кралскиот клуб“, а како клучна причина за болниот пораз ја издвои лошата одбрана од прекини.

Рома беше поразена од Реал Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите на домашен терен со резултат од 4:3, иако до самиот крај на натпреварот имаше водство од два гола.

„Единствените на кои им снема гориво беа тие. Ние ги здробивме. И тоа е голема штета бидејќи ваков натпревар не требаше да заврши вака“, рече Гасперини.

Гасперини верува дека причината за поразот била лошата концентрација на неговиот тим при изведување прекини.

„Ги надигравме во сè. Тие постигнуваа голови само од корнери. Но, исто така, мора да научиме да ги завршуваме натпреварите како овој. Мора да обрнеме внимание на она што не беше добро. Бидејќи добро ги браневме корнерите во првото полувреме, но завршницата беше проблем.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Два европски порази за МЗТ: Кога домашната доминација не е доволна за европски исчекор

МЗТ Скопје Аеродром го отвори настапот во ФИБА Еврокупот...

Лазаров за Хориха: Секогаш прави се за неговиот тим да победи

Кирил Лазаров, селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, на...

Хориха ново засилување на македонската ракометна репрезентација

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ)...

Мбапе со рекорд во Лигата на шампионите, Меси веќе е зад него

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе продолжи да пишува историја во...