Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше официјално претставено новото засилување на македонскиот национален тим, Дмитро Хориха.
Хориха, кој е добро познат на македонската ракометна јавност, доби официјална дозвола од Светската ракометна федерација (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација.
Ракометарот, кој моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед, од денес и официјално му е ставен на располагање на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.
„Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина.“, изјави на пресот Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија.
Во однос на претстојните квалификации, претседателот Стефанов истакна дека Македонија со големи амбиции ги очекува натпреварите против Луксембург и Грција, со јасна цел – пласман на Европското првенство 2028.


