Ги „издрибла“ Галакси: Лионел Меси добива врвно засилување од Јунајтед

Трофејниот бразилски фудбалер Касемиро го напушта Манчестер Јунајтед и се сели во САД - за да му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами

Прегледи:

Датум:

Трофејниот бразилски фудбалер Касемиро го напушта Манчестер Јунајтед и се сели во САД – за да му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами.

Касемиро (34) донесе дефинитивна одлука да ја продолжи кариерата со шампионите на МЛС, штом му истече договорот со Јунајтед на 1 јули, објави „Атлетик“.

Поранешниот ас на Порто и Реал Мадрид го направил трансферот во Интер Мајами приоритет откако објави дека заминува од „Олд Трафорд“, иако постојат одредени правила во МЛС лигата, како што е фактот дека Лос Анџелес Галакси ги поседува правата врз него.

Л.А. Галакси имале приоритетно право да преговараат со Касемиро (механизам познат како „права на откривање“) и веќе воделе разговори со него, дури и испратиле понуда, но Касемиро „ги издрибрал“ заедно своите нови работодавци. Тој преговарал со Мајами, со што ги прекршил правилата, сè со цел да избегне војна на лицитации, што е забрането во Соединетите Американски Држави.

Ваквите спорови во Америка обично се решаваат со парична отштета. Слично сценарио беше видено пред две години со Марко Ројс кога Шарлот ги имаше правата врз него и понуди повеќе пари, но Германецот сакаше да се приклучи на Галакси, па тимот од Лос Анџелес мораше да му плати на Шарлот 400.000 долари.

Другиот проблем за Мајами е ограничувањето на платите. Клубот во моментов нема место за голема ѕвезда (designated player – DP), откако Лионел Меси, Родриго Де Пол и Херман Бертрам ги заземаат тие три места. Галакси, исто така, немаат слободно место за „DP“. Затоа Мајами веројатно ќе го повтори рецептот што го користеа кога го доведоа Жорди Алба во 2023 година – Касемиро ќе потпише договор што гарантира помалку од 2 милиони долари во првата сезона, но со опција автоматски да стане „DP“ играч и да добие огромен договор штом ќе се ослободи местото во тимот.

Касемиро имаше одлична сезона за Јунајтед. Тој постигна девет гола на 33 натпревари и беше клучен фактор во освојувањето на третото место во Премиер лигата и обезбедувањето место во Лигата на шампионите. Петкратниот победник на Лигата на шампионите со Реал Мадрид и бразилски репрезентативец (84 настапи) беше вклучен оваа недела во конечниот список на Карло Анчелоти за претстојното Светско првенство, што ќе биде неговиот главен фокус пред да се пресели во Соединетите Држави.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...