Ѓоковиќ: Најтешко е да се прифати дека еден ден сум феноменален, а следниот не личам на себе

Прегледи:

Датум:

Новак Ѓоковиќ покажа смиреност и покрај поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон. Србинот загуби со 4:6, 4:6, 4:6, а на прес-конференцијата по натпреварот ја призна супериорноста на лидерот на светската ранг-листа.

Кога беше прашан дали можел да пристапи поинаку од тактичка гледна точка, Ѓоковиќ одговори: „Не, не баш. Тоа беше добро старо пердашење. Немаше многу што можев да направам.“

„Секогаш сум сам и ако нешто не ми оди како што треба, ако повратам наутро или чувствувам вртоглавица, луѓето не знаат. А тоа се случува многу често“, рече Ѓоковиќ.

„Не ми се случува само мене, им се случува на сите. Луѓето очекуваат секогаш да бидеш најдобар, а тоа е невозможно. Можно е секогаш да се потрудиш да бидеш подготвен за секоја дадена околност. Но, тие околности, особено сега во последните неколку години, многу се променија за мене. И секој ден носи нов предизвик со кој морам да се справам. За мене, тоа е најтешката реалност за прифаќање“, рече 39-годишниот Србин.

„Најтешко ми е да прифатам дека еден ден сум феноменален на тренинзите и на натпреварот, а следниот ден се чувствувам како да не сум јас. Како да сум сосема поинаква личност… Но, така се случуваат работите биолошки“, додаде Ѓоковиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...