Голема исповед на Ендрик: „Фудбалот не е убаво место“

Младиот бразилски напаѓач Ендрик сè уште ја бара својата вистинска форма по позајмицата во Лион од Реал Мадрид, но надвор од теренот веќе води многу поважни битки - со притисок, критики и сопствени очекувања

Прегледи:

Датум:

Младиот бразилски напаѓач Ендрик сè уште ја бара својата вистинска форма по позајмицата во Лион од Реал Мадрид, но надвор од теренот веќе води многу поважни битки – со притисок, критики и сопствени очекувања.

По ветувачкиот почеток во Франција, неговиот подем беше запрен од црвен картон против Нант, по што следеше континуиран пад. Сепак, многу поголем проблем од формата, како што самиот признава, беше борбата со она што доаѓаше однадвор – особено од социјалните медиуми.

Во интервју за „Гардијан“, Ендрик отворено зборуваше за периодот кога беше оптоварен со јавното мислење:

„На почетокот, се справував многу лошо со социјалните медиуми и критиките. Штом ќе завршев со натпревар, веднаш го земав телефонот и одев на Твитер. Сакав да видам што луѓето пишуваат и зборуваат за мене. Сакав моето его да биде надуено. Тоа не е добра работа. Фала му на Бога што тој период заврши. Кога натпреварот ќе заврши, останувам смирен и фокусиран. Повеќе не ми е гајле за критиките.“

Промената во пристапот донесе и мир на теренот:

„Веќе не обрнувам внимание на тоа што другите луѓе велат. Кога ќе го отстраните сето тоа од вашиот живот, работите стануваат полесни. Кога се повлеков малку, се фокусирав само на играње фудбал. Откако ќе игнорирате што се случува надвор од теренот, сè станува полесно на теренот.“

Иако го носи дресот на Бразил и се обидува да се бори за место меѓу најдобрите, Ендрик не го идеализира светот на професионалниот фудбал. Напротив.

„Фудбалот не е убаво место, тоа е тешка средина“

Неговите зборови добиваат дополнителна тежина кога ќе се земе предвид низ што поминал – од повреда што го држеше надвор од теренот четири месеци до страв за сопствената иднина:

„Бев исплашен. Плачев неколку пати. Тоа е нешто што го правиш приватно. Не знаев како да се справам со повредата, што да очекувам…“

Сепак, имаше и светли моменти, како што е играњето за Бразил против Хрватска, кога, како што вели, одиграл еден од најдобрите натпревари во својата кариера:

„Беше ноќ на сомнеж и чувство на итност. Знаев дека може да ми биде последна шанса… Не дозволив да ме допре и бев одличен“.

И Лука Модриќ остави посебен впечаток врз него, чија професионалност и посветеност ја гледа како пример:

„Тој е човек кој ме научи многу во својата прва година… Еден од најневеројатните момци што сум ги сретнал во фудбалот“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...