Гвардиола: „ВАР ни украде два ФА купа, никогаш не сум им верувал“

Во исто време кога се појави снимката од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија од натпреварот Вест Хем - Арсенал, Крис Кавана, пристигна и изјава од Пеп Гвардиола.

Прегледи:

Датум:

Во исто време кога се појави снимката од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија од натпреварот Вест Хем – Арсенал, Крис Кавана, пристигна и изјава од Пеп Гвардиола.

На прес-конференцијата пред натпреварот против Кристал Палас, Гвардиола рече дека никогаш не ѝ верувал на ВАР собата. Тој верува дека ВАР собата имала негативно влијание врз судиите, кои, знаејќи дека имаат помош, станале полоши.

„Секогаш ме учеле дека кога ќе изгубиш фокус, си во полоша ситуација. Сè што можеме да направиме е секогаш да бидеме подобри, да ги контролираме работите што се во наши раце. Изгубивме две финалиња на ФА Купот затоа што судиите не си ја завршија работата како што треба, дури и оние во просторијата за ВАР. Кога се случуваат вакви работи, тогаш мора да бидеме подобри, затоа што судиите и ВАР не си ја завршија работата како што треба. Тие се како фрлање паричка“, рече Пеп, продолжувајќи:

„Искрено, никогаш не сум им верувал, од првиот ден кога се појави ВАР. Едноставно, моето мото е дека лично секогаш мора да се обидуваш да бидеш подобар. Кога станува збор за судиите, тоа значи да бидеш во подобра позиција, повеќе да ги контролираш нивните одлуки и да не мораш да се жалиш на ВАР потоа. Затоа им велам на моите играчи, од Барселона, преку Баерн до Сити, дека мора да бидат подобри, за да не зависат од институциите што го владеат натпреварувањето“, нагласи Гвардиола.

Натпреварот Манчестер Сити – Кристал Палас е закажан за вечерва во 21:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...