Голем триумф на Маџари против ТФТ за пласман во финалето

Кошаркарскиот тим Маџари синоќа триумфираше против ТФТ со 71:69 и обезбеди место во големото финале на „МТЕЛ“ Супер лигата.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот тим Маџари синоќа триумфираше против ТФТ со 71:69 и обезбеди место во големото финале на „МТЕЛ“ Супер лигата.

Пред преполна сала во Маџари, дебитантот во најсилното клупско натпреварување во возбудлив и интересен натпревар успеа да ја затвори серијата со 2:0 и да избегне мајсторка.

Клучниот момент се случи на 2.3 секунди пред крајот, при водство на Маџари од 71:69, кога Ташовски беше фаулиран во обидот за три поени. Но репрезентативниот бек, изненадувачки, не реализира ниту едно од нив.

Луис реализираше 24поени, шест скока и три асистенции за Маџари, го следеше Амстронг кој додаде уште 18 поени, осум скока и три асистенции.

Кај ТФТ Ташовски, кој се претвори во трагичар, застана на бројката од 24 поени, Гордон ја заврши сезоната со 13 поени и шест скока), а Говенс имаше 11 поени и седум асистенции.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва, кога од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе го одиграат третиот меч од втората полуфинална серија во која моменталниот резултат е 1-1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...