Им ја дадовме победата на сребрен послужавник, вели Хау за поразот од 7:2 од Барселона

Еди Хау зборуваше откако неговиот тим Њукасл Јунајтед беше декласиран со 7-2 на „Камп Ноу“ од Барселона во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Прегледи:

Датум:

Еди Хау зборуваше откако неговиот тим Њукасл Јунајтед беше декласиран со 7-2 на „Камп Ноу“ од Барселона во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Стрчаките“ испаднаа од натпреварувањето откако загубија со вкупен резултат 8-3, а нивниот колапс беше необјаснив, бидејќи натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ пред една недела заврши нерешено 1-1, а тие успеаја да израмнат двапати, вклучувајќи и во вчерашниот натпревар.

Тие исто така го победија Челси со 1-0 во натпревар од Премиер лигата викендот, ситуација што на самиот Еди Хау му беше тешко да ја објасни.

„Ни јас не можам да го објаснам тоа. Тој ден се браневме многу добро. Бевме многу фокусирани и му дадовме на противникот многу малку шанси. Тоа е сосема спротивното од она што се случи сега, кога игравме многу наивно. Ваквите натпревари се добри за учење и прилагодување.

Направивме многу индивидуални грешки. Чудно е, особено откако одигравме одлично прво полувреме, држејќи се на теренот и борејќи се против Барселона. Одигравме фантастичен натпревар, но на крајот едноставно им ја дадовме победата.

Им ги направивме работите премногу лесни, а на Барселона не ѝ требаат никакви подароци за да победи. Практично им ја дадовме победата на сребрен послужавник.“, изјави Хау по мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...