Истрагата за смртта на Диого Жота и Андре Силва е завршена

Нема елементи на кривична одговорност во трагедијата што доведе до смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Ова е заклучокот од истрагата спроведена од шпанското судство

Прегледи:

Датум:

Нема елементи на кривична одговорност во трагедијата што доведе до смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Ова е заклучокот од истрагата спроведена од шпанското судство.

Со ова се става крај на овој трагичен настан во кој загинаа двајца млади фудбалери.

Трагедијата се случи на 3 јули 2025 година на автопатот А-52 во близина на Сернадиља во северна Шпанија, кога автомобилот во кој се возеле Диого и Андре излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил.

Истрагата ја спроведе Високиот суд на Кастиља и Леон, а беше утврдено дека причина за несреќата е дупната гума што довело до губење на контролата врз возилото.

По детална анализа на сите докази и со сведочењето на експертите, судот заклучи дека нема основа за покренување кривична постапка.

На полицијата ѝ беше дадена можност да покрене граѓанска парница.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...