Извршниот директор на Атлетико Мадрид: Хулијан нема добри советници

Сагата со Хулијан Алварез продолжува. Тој сака да оди во Барселона, Барселона нема да плати 500 милиони и да ја активира откупната клаузула

Прегледи:

Датум:

Сагата со Хулијан Алварез продолжува. Тој сака да оди во Барселона, Барселона нема да плати 500 милиони и да ја активира откупната клаузула. Тој не сака да тренира. Па сака да тренира и се кае за тоа. А потоа во четврток вечерта – Атлетико му дозволи да оди, но во Арсенал. Тој пак сега – не сака да оди во Арсенал…

Се чини дека работите ќе бидат решени, откако Атлетико останува на ставот што го изјавуваше со месеци – Хулијан Алварез не оди никаде, тој е играч на Атлетико.

„Ќе му помогнеме на Хулијан Алварез и ќе продолжиме да се грижиме за него за да може да ни го покаже својот целосен потенцијал затоа што ни треба за да продолжи да игра меѓу европските гиганти. Мора да разбереме дека Хулијан нема најдобри советници во последните месеци кога станува збор за неговата кариера“, рече извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил.

„Не можеме да дозволиме другите клубови да одлучуваат што треба да правиме, да ни диктираат спортска стратегија и да не нè почитуваат. А она што тие сакаат да го направат е да нè поделат. Јасно е дека не сме толку моќни како нив, но имаме свои вредности. Ние сме Атлетико и нема да им дозволиме да нè валкаат. Атлетико е силен кога сме сите обединети“, рече тој.

Единственото нешто што го знаеме со сигурност е дека тој не беше во составот за првиот натпревар на Атлетико во лигата во сезоната.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...