Ја освои титулата, а потоа го напушти Ал Наср!

Ал-Наср ја освои титулата во Саудиска Арабија, конечно под водство на Кристијано Роналдо, но го загуби тренерот Жорже Жесус. Тренерот потврди дека заминува на денот кога се прославуваше титулата

Прегледи:

Датум:

Ал-Наср ја освои титулата во Саудиска Арабија, конечно под водство на Кристијано Роналдо, но го загуби тренерот Жорже Жесус. Тренерот потврди дека заминува на денот кога се прославуваше титулата.

„Го прифатив предизвикот да го водам Ал Наср само затоа што му реков на Роналдо: „Ќе ти помогнам да станеш шампион, ќе ја освоиме титулата, а потоа ќе си заминам. Тоа е сè. За мене, мисијата е исполнета. Ова беше мојот последен натпревар како тренер на Ал-Наср“, рече Жесус.

По одигрувањето на сите 34 кола од првенството на Саудиска Арабија, Ал-Наср заврши прв на табелата со 86 бода, два повеќе од Ал-Хилал.

Славниот тренер успеа да стане шампион со Ал-Наср по Ал-Хилал, што е негов шести трофеј во таа земја. Пред тоа, тој успешно ги водеше и Бенфика, Фенербахче, Фламенго, Спортинг…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...