Карик се сретнал со Ратклиф – имале неформален разговор

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не е загрижен за своите опции во централната одбрана пред летниот преоден рок. „Црвените ѓаволи“ се на прагот да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона и ќе треба да го зајакнат својот состав пред тоа.

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не е загрижен за своите опции во централната одбрана пред летниот преоден рок. „Црвените ѓаволи“ се на прагот да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона и ќе треба да го зајакнат својот состав пред тоа.

Централните бекови не се грижа за Карик, сепак, младите Лени Јоро и Ајдан Хејвен изгледаат како ветувачки пар за во иднина, додека Хари Мегваер, Лисандро Мартинез и Матијс де Лихт ги заокружуваат опциите што му се достапни на англискиот менаџер.

„Во моментов не ме загрижува. Тешко е да се каже што ќе се случи на лето, а потоа, мислам дека е тешко да се коментира сега. Лисандро Мартинез пропушта натпревари од друга причина за која нема да навлегувам во детали. Но, не, не сум загрижен. Мислам дека имаме добра мешавина од искуство, квалитет и млади и талентирани играчи“, рече Мајкл Карик на прес-конференција, цитиран од Скај Спортс.

„Двајца млади перспективни играчи (Хејвен и Јоро) веќе покажаа што се способни. Мислев дека Ајдан беше фантастичен минатата недела во толку тежок натпревар. Не сум загрижен. Очигледно не можам да донесувам одлуки за иднината бидејќи не знам ни за себе. Матијс де Лихт работи на закрепнување од повредата. Тој тренира малку и напредува, но нема што повеќе да се каже. Тоа е една од тие повреди и тој работи во вистинската насока, па се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро“, додаде Англичанецот.

Керик, исто така, коментираше за неговата средба со ко-сопственикот на Јунајтед, Сер Џим Ратклиф, на која британскиот милијардер ја потврдил својата поддршка за привремениот менаџер.

„Дојде, поразговаравме, се напивме чај. Беше неформален разговор, да бидам искрен. Беше убаво да се запознаам со него, секако, тој ја изрази својата поддршка. Мислам дека како фудбалски клуб сме многу поврзани. Тоа е важен дел и верувам дека така треба да биде и се обидувам да ја одиграм својата улога, како и сите други. Така се чувствувам откако сум тука од јануари, сигурно“, објасни поранешниот играч од средниот ред.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...