Модриќ итно опериран! Под знак прашалник е за Светското

Лука Модриќ заврши на операциона маса по повредата што ја заработи во судирот со Мануел Локатели, а лекарите одлучија дека итна операција е најдобрата опција

Прегледи:

Датум:

Лука Модриќ заврши на операциона маса по повредата што ја заработи во судирот со Мануел Локатели, а лекарите одлучија дека итна операција е најдобрата опција.

Хрватскиот капитен беше опериран во болница во Милано околу 15 часот, како што објавија хрватските медиуми.

Повредата се случи по силен челен судир, по што Модриќ остана да лежи на теренот, што веднаш предизвика загриженост кај играчите и навивачите.

Деталните прегледи покажаа дека станува збор за фрактура на јаболчницата, поради што беше одлучено да се оди на итна операција, наместо на подолго и неизвесно закрепнување без операција.

И покрај сè, Модриќ остана – Модриќ.

Првото прашање што им го поставил на лекарите, пишува „Спортске новости“, било кога ќе може да се врати на тренинзите.

Хрватот сега ќе има период на целосен одмор од околу десет дена, без никаков контакт, по што постепено ќе може да се врати на активностите.

Целосното закрепнување од ваква повреда обично трае околу два месеци, но јасно е дека искусниот играч од средниот ред ќе се обиде да се врати уште порано.

Иако постои желба да се одигра уште еден натпревар пред крајот на клупската сезона, пореално е фокусот да биде на закрепнувањето и подготовката за репрезентативните обврски.

Планот е да се биде подготвен за Светското првенство, со заштитна маска – можеби последната голема мисија во дресот на Хрватска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...

Тенискиот свет во шок! Швјонтек нема да настапи на завршниот ВТА турнир!

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во...