Кејн за своето достигнување: Кога ќе постигнете над 60 гола, вие сте во лига со Меси и Роналдо

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен и Англија, Хари Кејн, даде долго интервју за реномираниот француски дневен весник „Л’Екип“

Прегледи:

Датум:

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен и Англија, Хари Кејн, даде долго интервју за реномираниот француски дневен весник „Л’Екип“. Напаѓачот зборуваше за своите амбиции да ја освои „Златната топка“ откако постигна вкупно 61 гол на 51 натпревар за Баварците оваа сезона.

„Дефинитивно ќе бидам меѓу фаворитите. Со оглед на титулите што ги освоив оваа сезона и бројот на голови што ги постигнав, ќе бидам во трката. Исто така, ако Англија го освои Светското првенство, можете да замислите дека наградата ќе му припадне на англиски играч, иако мора да се земе предвид и резултатот од финалето на Лигата на шампионите.

Кога ќе ги погледнете моменталните фаворити за „Златната топка“, тука се Михаел Олисе, играчите кои стигнаа до финалето на Лигата на шампионите (интервјуто беше спроведено денот пред финалето – н.з.) и јас. Видов дека церемонијата ќе се одржи во Лондон. Можеби тоа е добар знак за мене. Освојувањето на наградата во мојот роден град ќе ја направи уште поспецијална.

61 гол е навистина неверојатна бројка. Мојот претходен рекорд за една сезона во еден клуб беше 44 гола, а кога ќе постигнете над 60 гола, сте во лига што ја постигнале само Меси и Кристијано Роналдо. Во тоа време нивните статистики ми изгледаа навистина недостижни“, изјави Кејн.

По освојувањето на „Златната копачка“ по втор пат во кариерата, капитенот на Англија рече:

„Тоа е прашање на гордост, особено имајќи предвид дека мислам дека само Роналдо и Меси ја освоиле повеќе од двапати. Да, ги знам статистиките на големите напаѓачи од минатото и сегашноста напамет, бидејќи сакам да ја користам таа метрика како мотивација. Сепак, со награда како „Златната копачка“, важно е да се запомни дека ништо од ова не би било можно без моите соиграчи, мојот клупски персонал и сите луѓе што ми помагаат секој ден. Голем дел од мојот успех се должи на нив.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...