🎥 Крај на една ера: Гвардиола го напушта Манчестер Сити по десет години

Манчестер Сити потврди дека Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот по последниот натпревар од сезоната, со што ќе заврши една од најуспешните ери во историјата на англискиот фудбал

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити потврди дека Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот по последниот натпревар од сезоната, со што ќе заврши една од најуспешните ери во историјата на англискиот фудбал.

Шпанскиот менаџер го предводеше Сити до 17 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, за време на неговите десет сезони на чело на клубот од Манчестер.

Последниот натпревар на Гвардиола како тренер на „граѓаните“ ќе биде против Астон Вила на „Етихад“.

Според Би-Би-Си, клубот се подготвувал за неговото заминување дури и пред истекот на неговиот договор, кој требаше да трае уште една година.

„Не ме прашувајте зошто си заминувам. Нема причина, но длабоко во себе знам дека дојде времето“, рече Гвардиола.

Тој додаде дека неговото заминување не значи прекин на врските со клубот.

„Ништо не е вечно, ако беше, ќе бев тука. Чувството, луѓето, спомените, љубовта што ја имам кон мојот Манчестер Сити ќе бидат вечни“, рече Гвардиола.

Енцо Мареска, поранешен колега на Гвардиола во Сити и поранешен тренер на Челси, се споменува како главен кандидат за нов менаџер.

Потврдата за неговото заминување доаѓа во време кога Сити остана без титула, откако Арсенал го освои шампионатот. Ремито на Сити со Борнмут му овозможи на Арсенал да освои трофеј по 22 години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...