Кратко траеше: Тудор отпуштен од Тотенхем

Игор Тудор повеќе не е менаџер на Тотенхем, објави англискиот клуб денеска.

Прегледи:

Датум:

Игор Тудор повеќе не е менаџер на Тотенхем, објави англискиот клуб денеска.

Во официјалното соопштение се наведува дека станува збор за меѓусебен договор. Тотенхем со тоа ќе има трет тренер од почетокот на сезоната, откако претходно беше отпуштен Томас Франк.

„Можеме да потврдиме дека заминувањето на тренерот Игор Тудор од клубот е договорено со меѓусебен договор. Тренерот на голманите Томислав Рогиќ и кондицискиот тренер Рикардо Рагнаци, исто така, ги напуштија своите позиции. Би сакале да им се заблагодариме на Игор, Томислав и Рикардо за сè што направија во изминатите шест недели, во кои работеа неуморно. Исто така, изразуваме сочувство до Игор Тудор за загубата што неодамна ја претрпе и му ја испраќаме нему и на неговото семејство нашата целосна поддршка во овие тешки времиња. Информациите за новиот главен тренер ќе бидат објавени од клубот подоцна.“, стои во официјалното соопштение на Спарси.

Хрватот помина само 43 дена на клупата на Тотенхем и постигна само една победа и едно реми во седум натпревари, со дури пет порази.

Дека Тудор дефинитивно не е вистинскиот човек за таа работа, се покажа во последното коло од Премиер лигата, кога лондонскиот тим беше поразени од нивниот директен конкурент во борбата за опстанок, Нотингем Форест, со убедливи 3:0 на својот домашен стадион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...