Куп на Македонија: Вардар во осминафинале по победата над Овче Поле

Фудбалерите на Вардар го совладаа Овче Поле со 5:0 и се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Вардар го совладаа Овче Поле со 5:0 и се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија.

Актуелниот шампион поведе во 38. минута со погодокот на Сирики Дијабате. По десет минути игра во второто полувреме, капитенот Азер Омерагиќ зголеми на 2:0, а во 58-та Едиз Спахиу беше стрелец на третиот погодок за Вардар.

Во 67. минута Омерагиќ по втор пат се запиша меѓу стрелците за предност од 4:0, а конечните 5:0 ги постави Бобан Николов со погодокот постигнат во 86. минута.

Вардар по денешниот триумф им се приклучи на Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и АП Брера кои место во осминафиналето обезбедија по вчерашните настапи во Купот.

Останатите учесници во втората рунда ќе бидат познати по одигрувањето на дуелите кои се на програмата на деветти овој месец, а мечеви од првото коло ќе се играат на 24 септември, шести и 14 октомври.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...