Левандовски го насочува вниманието кон Милан

Фудбалскиот гигант Милан изрази интерес за Роберт Левандовски, кој треба да стане слободен агент ова лето, објавуваат италијанските медиуми.

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот гигант Милан изрази интерес за Роберт Левандовски, кој треба да стане слободен агент ова лето, објавуваат италијанските медиуми.

Росонерите внимателно ја следат ситуацијата околу искусниот напаѓач, надевајќи се дека ќе го повторат минатогодишниот трансфер кога го доведоа Лука Модриќ откако му истече договорот со Реал Мадрид.

Иако ќе наполни 38 години во август, Полјакот сè уште постигнува голови за Барса, со 17 гола и три асистенции на 39 официјални натпревари оваа сезона.

Според порталот „Калчомеркато“, Милан ги интензивирал контактите со агентот на полскиот интернационалец, Пини Захави, со цел да го убеди да се согласи на значително пониска плата во случај на трансфер.

Италијанскиот гигант е подготвен да понуди максимум седум милиони евра по сезона, додека Левандовски моментално заработува околу 20 милиони евра во Барселона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...