Луис Енрике: Арсенал игра најдобар фудбал на светот без топка

Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, зборуваше со суперлативи за тимот на Арсенал, против кој ќе играат во финалето на Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, зборуваше со суперлативи за тимот на Арсенал, против кој ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.

Шпанскиот стручњак нагласи дека тие целосно заслужено ја освоија Премиер лигата.

„Тие имаа брилијантна сезона. Игравме против нив минатата година во полуфиналето на Лигата на шампионите и точно знаеме на што се способни“, рече Енрике.

Тој истакна една карактеристика на лондонскиот тим.

„Без топка, Арсенал е најдобриот тим на светот. Од друга страна, тие имаат многу голови во нозете. Тоа е одлична комбинација за тимот. Мислам дека секој што го сака фудбалот ќе ужива во спектаклот на финалето на Лигата на шампионите“, истакна Шпанецот.

Полн е со пофални зборови за својот колега на клупата на англиските шампиони.

„Микел Артета донесе победнички менталитет во овој тим“, заклучи Енрике.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...