ПСЖ и Баерн ќе го играат првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во вторник (21.00 часот). Нема сомнение дека ова е финале пред финалето, а тренерот на „Светците“ Луис Енрике нагласува дека неговиот тим има за цел да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, но има голема почит кон Баварците.
„Во однос на конзистентноста, Баерн можеби е малку пред нас, бидејќи загубија само два натпревари. Но, со оглед на тоа што покажавме, нема подобар тим од нас. Дури и по поразот во четвртфиналето, реков дека нема подобар тим од нас“, рече Енрике.
Тренерот на ПСЖ се пошегува за тимот што ќе се соочи со Баерн на Паркот на принцовите.
„Ќе ги бирам случајно, како рулет (се смее). Сите се подготвени и многу сум среќен. Кој и да игра, ќе биде најдобриот избор за да го добие натпреварот. Без разлика кој ќе игра утре, ќе го направам она што секогаш го правам: ќе ги извлечам најдобрите играчи за да можеме да победиме.“
Енрике има само пофалби за Баерн, а има голема почит и кон тренерот Винсент Компани.
„Ми се допаѓаат сите играчи, не само Олисе. Винсент Компани е тренер од врвно ниво, што го докажа и во Англија. Кога потпиша за Баерн, од самиот почеток беше јасно каков тим ќе биде тоа. Баерн е еден од тимовите што најмногу уживам да ги гледам, бидејќи секогаш играат напаѓачки фудбал. Ги сакам сите тренери воопшто, но особено оние што се фокусираат на нападот, а тој е еден од нив.“
Шпанскиот стручњак откри дека нема посебен начин да ги мотивира своите играчи, бидејќи ова е полуфинале од Лигата на шампионите.
„Кога играш во полуфиналето на Лигата на шампионите, не ти треба тренинг. Не ти треба мотивација, напротив, ти треба смиреност. Станува збор за наоѓање на вистинската рамнотежа“, заклучи Луис Енрике.


