🎬Македонија до 21 година славеше во Ереван против Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година славеше против Ерменија со 2:0 во квалификациите за Европското првенство, во рамки на 8. коло од групата

Прегледи:

Датум:

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година славеше против Ерменија со 2:0 во квалификациите за Европското првенство, во рамки на 8. коло од групата.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ сосема заслужено дојдоа до три бода во Ереван. По еден погодок во двете полувремиња беше доволен за втора победа во квалификациите, воедно и прва по серијата од четири порази во низа.

Македонија уште од самиот старт наметна иницијатива и најави офанзивен пристап. Трајков се закани рано од натпреварот, но противничкиот голман Матинјан беше на висина на задачата. Во текот на првиот дел, Станиќ беше принуден на измена поради повредата на Дураков, а неговата замена, Мартин Ѓоргиевски, се покажа како клучен фактор. Тој донесе водство непосредно пред паузата, реализирајќи пенал откако Данев беше соборен во шеснаесетникот. Со тој погодок, Македонија го прекина и голгетерскиот пост кој траеше речиси 300 минути.

Во продолжението, домашната селекција се обиде да ја преземе иницијативата, но македонската одбрана функционираше сигурно и организирано. Конечниот исход беше решен во 76. минута, кога по асистенција на Хамза, Љатифи реализираше одлична соло-акција, крунисана со прецизен удар за 0:2.

До крајот, Ерменија имаше шанса да го ублажи поразот, но голманот Џеков со сигурна интервенција ја зачува мрежата.

Следниот предизвик за Македонија до 21 година ќе биде во октомври, кога на домашен терен во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Црна Гора.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...