Манчестер Јунајтед му кажале на Бруно Фернандеш дека не е на продажба

Шефовите на Манчестер Јунајтед одржале состанок со капитенот на тимот Бруно Фернандеш и неговите претставници, на кој Португалецот бил уверен дека од „Олд Трафорд“ не сакаат и немаат намера да се разделат од него, тврди англискиот печат

Прегледи:

Датум:

Шефовите на Манчестер Јунајтед одржале состанок со капитенот на тимот Бруно Фернандеш и неговите претставници, на кој Португалецот бил уверен дека од „Олд Трафорд“ не сакаат и немаат намера да се разделат од него, тврди англискиот печат.

Плејмејкерот на „Црвените ѓаволи“ беше на работ на заминување минатото лето кога беше искушуван од исклучително примамлива понуда од Саудиска Арабија, а медиуми на Островот објавија дека 20-кратните шампиони се подготвени да го пуштат играчот.

На крајот, Фернандеш сепак остана на „Олд Трафорд“, но во декември, во интервју за португалските медиуми, тој призна дека е „повреден“ од желбата на клубот да го искористи.

Токму ова интервју стана еден од катализаторите што ги натера шефовите на Манчестер Јунајтед да одржат состанок за да се обидат да ги разјаснат односите меѓу двете страни и да го уверат Фернандеш дека се смета за составен дел од новиот тим што ќе се гради од летото, кога се очекува назначување на нов постојан менаџер на тимот.

Самиот Бруно Фернандеш игра една од најсилните сезони во својата кариера и досега има осум гола и 18 асистенции во Премиер лигата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...