Мареска одби да коментира конкретно за Сити: „Подготвен сум за следниот предизвик“

Поранешниот менаџер на Челси (46), Енцо Мареска, кој беше силно поврзуван со Манчестер Сити, вели дека се чувствува подготвен за следната глава од својата кариера.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот менаџер на Челси (46), Енцо Мареска, кој беше силно поврзуван со Манчестер Сити, вели дека се чувствува подготвен за следната глава од својата кариера.

Италијанецот освои два трофеи за 18 месеци на Стемфорд Бриџ, но потоа изненадувачки се раздели од клубот, а англиските медиуми сугерираат дека дел од причината е тоа што тој веќе имал разговори со Сити за да го наследи Пеп Гвардиола.

Шпанецот има договор со „граѓаните“ до летото 2027 година, но повеќето извори велат дека ќе замине на крајот од оваа сезона.

„Подготвен сум за следното поглавје. Тоа е најважното нешто“, изјави Мареска за „Скај Италија“.

Конкретно запрашан за можноста да го преземе Манчестер Сити, Италијанецот одговори: „Важно е, без оглед на клубот, да се биде подготвен. Остануваат само неколку недели до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме што ќе се случи“.

Мареска беше поврзуван и со тренерски позиции во Наполи и Рома.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...